Емил Холм го направи она што ниеден дефанзивец во Серија А не успеал!

Објавено:

Шведскиот бек Емил Холм не е само обичен дефанзивец, тој е офанзивно чудовиште. Фудбалерот на Болоња викендов испиша нова страница во историјата на италијанскиот фудбал, уривајќи рекорд кој никој друг одбрамбен играч не успеал да го постави!

Со асистенцијата во големата победа над Наполи, Холм стана првиот дефанзивец во историјата на Серија А (откако „Опта“ води детална статистика во последните 20 години) кој успеал да запише гол или асистенција на ПЕТ натпревари по ред!

Она што го прави подвигот уште поимпресивен е фактот дека Холм ги пропушти првите четири кола од сезоната поради повреда. Но, откако се врати на теренот, тој е едноставно незапирлив.

На неговите први пет настапи сезонава, неговиот биланс е застрашувачки за еден бек: 1 гол и 4 асистенции.

„Дознав за рекордот дури по натпреварот. Тоа е забавно, навистина не знаев. Ќе видиме колку долго ќе трае серијата. Се чувствувам многу добро, добив голема доверба од тимот и играме одлично“, изјави скромниот Швеѓанец.

Холм моментално е во Марбеља на подготовки со репрезентацијата на Шведска, каде што е единствен класичен десен бек во тимот.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено