Емотивен старт, жестока борба и историска победа на Флуминенсе

 

Објавено:

Првиот натпревар од четврфиналните борби на Светското клупско првенство започна со една минута молчење за прерано загинатиот Диого Жота и неговиот брат Андре.

Трагедијата која се случи вчера го погоди целиот фудбалски свет, но најтешко на теренот им беше на неговите другари и соиграчи Рубен Невес и Жоао Кансело кои не можеа да ги задржат солзите за време на оддавањето почит.

Но, по стартот на натпреварувачкиот дел, започна вистинска лавовска битка на двата тима. Светското клупско првенство можеби не значи многу за големите гиганти, но за овие два клуба кои се тука за да докажат дека врвниот фудбал не живее само во Европа и тоа како значеше победата на овој натпревар за историски влез во полуфиналето.

Тоа го докажува и доделувањето на дури 7 жолти картони на овој натпревар, 3 за Бразилците и 4 за Саудијците, во обид на судијата да ги смири страстите и борбата на теренот.

Први поведоа Флуминенсе со голот на Мартинели во 40′ минута, за ерупција на бразилските навивачи на стадионот во Орландо. Потоа, по само кратка игра во вториот дел, Ал Хилал возвратија преку голот на Леонардо во 51′ минута за израмнување на резултатот и разжестување на борбата.

Извор: https://x.com/DAZNFootball

Вистински ѕвезди беа и голманите на двата тима кои имаа неколку извонредни одбрани, но сепак во 70′ минута Херкулес стрелаше за резултат од 2:1 и резултат што значеше историска победа за Флуминенсе.

Глетките на стадионот беа неверојатни, што само покажува дека Бразил е нација која живее за фудбалот, каде фудбалот е пасија, страст, љубов и поважен од било што друго.

Погледнете ги головите и дел од неверојатните сцени од стадионот Кампинг Ворлд…

Извор: https://x.com/DAZNFootball
Извор: https://x.com/DAZNFootball
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено