Сара Ерани и Андреа Вавасори утринава успеаја да го освојат турнирот на мешани двојки, во финалето кое го одиграа против Ига Швјонтек и Каспер Руд.
Двојката која е позната по заедничките настапи во дубл натпреварите, успеаја да ги совладаат противниците со резултат 6-3, 5-7, 10-6.
Ова беше можеби најинтересниот натпревар, но и најтешкиот за добивање на турнирот за мешани двојки, а форматот се покажа како доста интересен за публиката која дојде да ги гледа натпреварите во огромен број. Со оглед на популарноста, очекуваме дека и наредната година УС Опен ќе го спроведат овој формат, кој во јавноста ова лето предизвика големи контраверзии.

По завршувањето на мечот, победничката на Вимблдон и Синсинати, Ига Швјонтек се пошегува на нивна сметка и ги пофали противниците:
“Најпрво, би сакала да им честитам на Сара и Андреа. Сосема заслужена победа. Вие докажавте дека играчите на мешани двојки се попаметни тактички од синг играчите. Ние се трудевме до самиот крај. Навистина пробавме да го направиме финалето компетитивно. Огромна чест беше да се сподели теренот со вас”.
The moment of victory! pic.twitter.com/1ePUYDa4B6
— US Open Tennis (@usopen) August 21, 2025



