14.8 C
Skopje

Естонија на крилата на навивачите до првата победа на Евробаскетот!

Објавено:

Во атмосфера која повеќе наликуваше на Талин отколку на Рига, Естонија ја запиша својата прва победа на Евробаскетот 2025, совладувајќи ја Чешка со 89-75. Над 8.000 естонски навивачи допатуваа во Латвија и ја претворија Арена Рига во вистински домашен терен за својата селекција.

Естонија го отвори натпреварот во жестоко темпо и со неверојатна офанзива ја казни бледата игра на Чесите. Втората четвртина беше клучна, а во неа Естонците постигнаа 31 поен, од кои 14 од рекетот, за да се одлепат на удобна предност. До средината на третиот период разликата стигна и до плус 28, а победникот веќе беше познат.

Чешка немаше одговор во нападот и за првите 30 минути уфрли само 16 поени од рекетот, што беше премалку за да се држи чекор со ривалот.

Главен диригент беше Кристијан Куламее со 16 поени, 7 скока и 7 асистенции, блиску до трипл-дабл учинок. Од клупата блесна и Хенри Дрел со 15 поени, внесувајќи дополнителна енергија во нападот.

Извор: https://www.fiba.basketball/

Естонија доминираше во сите сегменти на играта, а највпечатлив податок се само 4 загубени топки за целиот натпревар. Со тоа останаа на чекор до историскиот рекорд на Евробаскетот (3 загубени топки), кој го држат Југославија и Италија.

Естонија со овој триумф се искачи на биланс 1-2 и доби огромна доза на самодоверба пред дуелите со Турција и Португалија. Чешка, пак, останува на 0-3. Нив ги очекуваат тешки натпревари против фаворитите Србија и Латвија.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено