Европа се разбуди со веста за уште еден паднат џин, елиминиран и Сити

 

Објавено:

Малкумина во Европа сигурно го гледаа натпреварот кој се играше во раните утрински часови, односно во 3 часот наутро по македонско време, па сигурно поголемиот дел од фудбалските навивачи останаа шокирани утрово од веста дека и Манчестер Сити се елиминирани од Светското клупско првенство.

Во натпревар со многу голови, арапскиот Ал Хилал на крајот славеше со 4:3, ставајќи крај на патот на уште еден фаворизиран европски клуб во низата.

Сити рано го отворија резултатот со голот на Силва во 9’минута, но токму пред паузата во 46′ минута Леонардо врати за изедначен резултат, како предвесник за она што ќе се случува во второто полувреме.

А, второто полувреме ни донесе извонредна игра и многу голови. Првото водство во второто полувреме дојде за арапскиот клуб преку Малком во 52′, а само три минути подоцна Сити врати преку Халанд за повторно изедначување од 2:2.

Со овој резултат натпреварот голгетерското шоу продолжи во продолженијата , каде прв стрелаше Кулилаби во 94′ минута за водство на Ал Хилал, по што врати Фоден во 104′ минута, за на крајот стрелецот на првиот гол Леонардо да го даде и последниот на натпреварот во 112′ минута, за целосен шок и елиминација на “Граѓаните”.

Погледнете го видеото од најинтересните моменти и головите на натпреварот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено