Европскиот шампион се заплетка во бразилската самба

 

Објавено:

После вчерашниот нерешен резултат на Реал Мадрид, сега и европскиот шампион ПСЖ “падна” под брзите бразилски нозе на Ботафого. Неочекуваниот резултат од 1:0 ги шокираше Французите и го донесе првото поголемо изненадување на Светското клупско првенство.

Гигантот од Париз беше доминантен според статистиката, но сепак беше немоќен против организираната и ефикасна игра на Бразилците. ПСЖ имаше дури 75% посед на топката и 16 шутеви на противничкиот гол, но тоа не беше доволно за победа на синоќешниот натпревар.

Извор: https://x.com/Botafogo

Херојот за навивачите на Ботафаго кои славеа на трибините на Роуз Боул стадионот во Лос Анџелес, Игор Жезус, ги шокираше Французите во 36 минута со единствениот гол кој “падна” на натпреварот, а Бразилците успеаја да одиграат дисциплинирано до крај и да го задржат овој резултат.

Погледнете ја нивната прослава по голот и неверувањето на навивачите на ПСЖ.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено