Езе ги откачи со изговор дека е “болен”, но Кристал Палас славеа и без него

 

Објавено:

Вечерва Кристал Палас го одиграа својот прв натпревар во Конференциската лига на УЕФА, каде завршија откако беа исфрлени од Лига Европа, поради мулти-структурата на сопствеништвото на клубот.

Иако, од клубот во повеќе наврати се жалеа на одлуката, жалбите беа одбиени, а тие изјавија дека иако одлуката според нив е неправедна и тие заслужиле да играат во Лига Европа, сепак ќе се борат и во пониското натпреварување и ќе одат на победи.

Пред вечерашниот дуел со Фредрикштад тие се соочија со уште еден проблем. Нивниот најдобар играч, Еберечи Езе кој е пред трансфер во Арсенал, реши дека нема да игра на натпреварот, а како изговор кажал дека “се чувствува болен”.

Пред натпреварот и самиот тренер Оливер Гласнер потврди дека играчот го искористил тој изговор: “Искрено, очекував дека тој ќе игра денес, но ми се јави утрово и ми рече дека не се чувствува добро за да игра. Јас морам да го прифатам тоа. За сè друго, можете да ги прашате челниците на клубот”.

Но, и покрај неговото отсуство и сите турбуленции ова лето, најважно за тимот и навивачите беше што тие сепак дојдоа до победа во вечерашниот дуел со резултат од 1:0.

Голот на Селхурст Парк го постигна Жан-Филипе Матета, по една хаотична ситуација во шеснаесетникот, после изведениот аут на хрватското засилување Борна Соса. Погледнете го единствениот погодок на натпреварот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено