Ферари изгуби добиена трка, им подари 1-2 победа на Мекларен

Објавено:

Денешната трка на Хунгароринг започна со Шарл Леклер на пол-позицијата, со двата болида на Мекларен зад него. После одличниот старт тој ја задржа првата позиција, додека Ландо Норис падна на петтото место.

Но, ако сите мислеа дека ова е добиена трка за Ферари, италијанскиот тим уште еднаш покажа дека се “махери” да изгубат добиена трка, со лоша стратегија за влез во боксот и промената на тврдите гуми, со што Леклер практично ја изгуби трката и не успеа да дојде ниту до место на подиумот.

Возачот од Монако беше видно фрустриран од стратегијата, а во неколку наврати на тимското радио го изрази незадоволството.

За разлика од нив, Мекларен решија да ризикуваат со Ландо Норис и да влезат само еднаш во пит-стоп, што се покажа како одличен потег и донесе триумф за Британскиот возач.

Зад него се најде Оскар Пијастри, кој во последните кругови се обиде да ја преземе првата позиција во тимската борба, но не успеа и заврши на второто место.

Одлична трка имаше и возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој се најде на третото место и обезбеди место на подиумот после подолго време, што дава нова мотивација на тимот пред заминувањето на летната пауза.

Борбата меѓу двата шофери на Мекларен продолжува и понатака, а неизвесноста за кој од двајцата за прв пат ќе го освои шампионатот ќе трае и во наредните трки.

Извор: https://x.com/ScuderiaFerrari/

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено