Манчестер Јунајтед и оваа сезона не можат да го пронајдат посакуваниот победнички ритам и покрај неколкуте засилувања кои ги донесоа во своите напаѓачки редови ова лето.
На денешниот натпревар, тие одиграа нерешено со резултат 1:1 на гостувањето кај Фулхам, со што ја прекинаа победничката низа од осум победи на гостувањата кај овој тим во рамките на Премиер лигата.
Капитенот Бруно Фернандеш имаше можност да го отвори резултатот уште во самиот старт на натпреварот, но тој ја шутна топката над голот.
После натпреварот, Португалецот ја изрази својата фрустрација од судијата кој се судри во него пред изведувањето на пеналот, но сепак изјави дека тоа не може да биде оправдување за промашената можност за рана предност на неговиот тим.
“Како и секој што изведува пенали, си имате своја рутина и работи кои си ги правите пред да шутирате. Ме вознемири затоа што судијата не ми се извини и тоа ме измести од рутината во моментот, но сепак не е изговор за промашувањето”, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед.
Сепак, Манчестер први дојдоа до предност, но преку автоголот на Родриго Муниз во 58-та минута, а домаќините дојдоа до изедначување преку голот на Емил Смит Роу во 73-та минута, за конечен резултат од 1:1.
Тренерот Рубен Аморим после натпреварот се обиде да го објасни резултатот: “Многу сакаме да победиме, па понекогаш момците размислуваат само на резултатот, но не и на перформансите. Мора да се подобриме во тој дел”.
Ruben explains where the Reds went wrong against Fulham, as we had to settle for a point in the capital 🧠
— Manchester United (@ManUtd) August 24, 2025
Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот.



