На прес конференцијата за медиумите пред трката во Спа, Белгија, легендарниот возач Фернандо Алонсо беше запрашан што мисли за перспективата на младите фанови за постарите возачи.
Неговиот одговор ги насмеа присутните, а со оглед на новонастанатата фан база од серијата “Drive to Survive”, која нема реална претстава за случувањата во моторспортот, неговиот одговор е сосема на место.
“Не ми е гајле што мисли Нетфликс генерацијата на фанови. Навивачите кои дознаваат само од ТВ немаат целосна слика… ако следната година победиме на осум последователни трки и се бориме за шампионатот, тие ќе мислат дека сме направиле нешто поразлично, дека сме имале различна тренинг програма и дека сме научиле како да возиме во зима”, изјави Алонсо.

Инаку, популарната серија на Нетфликс е критикувана поради тоа што не ја прикажува јасната и реална слика за случувањата во Формула 1, а нивниот фокус е креирање на монтирани сценарија со цел зголемување на драмата и привлекување на младата публика која дотогаш не ни слушнала за возачите од Формула 1.
Со зголемување на популарноста на спортот во САД, како и серијата на Нетфликс, од година во година сè повеќе се зголемува бројот на ваквите “фанови”.



