Фернандо Алонсо се повлече од првиот тренинг, неизвесен е и за трката

Објавено:

Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, кој штотуку го прослави својот 44 роденден нема да настапи на првиот тренинг во Унгарија, а неизвесен ќе биде и неговиот старт на трката во недела.

Според официјалната изјава од тимот, Алонсо имал болки во мускулите на грбот, а понатамошни информации за неговото учество во наредните тренинзи ќе биде објавено откако ќе бидат извршени сите прегледи.

Неговото место на денешниот тренинг со завзеде Фелипе Друговиќ, кој ќе вози покрај Ленс Строл.

Се надеваме дека сепак ќе го видиме ветеранот во недела на трката, бидејќи неговото присуство е секогаш одлично на патеката.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено