ФФМ ги отвори картите: Објавени документите на УЕФА за сомнежи за наместени натпревари!

 

Објавено:

По бројните шпекулации во медиумите, ФФМ реши јавно да ги сподели дописите добиени од Нион. Документите потврдуваат дека неколку домашни клубови се под лупа на истражителите поради „нерегуларности поврзани со уплати во обложувалници“. Иако одредени делови се заштитени поради тековните истраги, она што е објавено е доволно за сериозна загриженост во македонскиот фудбал.

Кои натпревари се „под лупа“?

Според објавените извештаи од УЕФА, три натпревари се издвојуваат со алармантни индикатори за манипулација:

  • ГФК Охрид Лихнидос – ФК Тетекс 1953 (4:3): Овој меч од Втората МФЛ (одигран на 04.11.2025) покрена „кредибилно ниво на загриженост“ поради силните уплати дека Тетекс ќе го изгуби натпреварот.
  • ФК Работнички – ФК Охрид 2004 (8:2): Пријателскиот натпревар одигран на 22.01.2026 е означен како сомнителен поради екстремни уплати на „7+“ голови и победа на Работнички на азискиот пазар, што резултираше со неверојатни десет гола на мечот.
  • ФК Струга Трим Лум – КФ Башкими Куманово (6:0): Натпреварот од Првата МФЛ (30.11.2025) е под истрага поради невообичаени облози за најмалку четири гола, при што УЕФА смета дека „најверојатно КФ Башкими бил вклучен“ во потенцијалната манипулација.

Истрагата се проширува

Од ФФМ нагласуваат дека постојат индиции за уште неколку мечеви, вклучувајќи го и дуелот ФК Башкими – ФК Вардар Неготино одигран во март минатата година. Дополнително, натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими веќе се наоѓа во судска постапка, поради што за него не се споделуваат детали.

„Фудбалската федерација на Македонија не е истражен орган, но тесно соработува со УЕФА и државните институции за целосно расчистување на сите сомнежи“, порачуваат од куќата на фудбалот.

Следете нè: Facebook | Instagram | X
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено