ФФМ ја отвора „Пандорината кутија“: Под лупа лиценцата на Ангеловски и „исчезнати“ 700.000 евра на Сејдини!

Објавено:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) тргнува во сериозна офанзива за расчистување со минатото. По последната седница на Управниот одбор, соопштени се низа одлуки кои најавуваат темелна ревизија на работењето на претходната гарнитура, но и проверка на кредибилноста на издадените тренерски дипломи.

Финансиски скандал: Спорни 700.000 евра за трибината во Охрид

Во центарот на финансиската истрага е поранешниот претседател Муамед Сејдини. ФФМ поведе дисциплинска постапка поради основано сомнение за измама поврзана со авансна исплата од дури 700.000 евра за изградба на трибината на стадионот „Билјанини Извори“.

Според документацијата, исплатата била извршена самоиницијативно и без банкарска гаранција, што директно ја оштетило касата на федерацијата. Управниот одбор се сомнева во финансиска измама и најавува дека сите докази ќе бидат предадени до надлежните органи.

Ревизија на тренерските лиценци: Ангеловски сам побара проверка

Една од најзвучните одлуки е формирањето на специјална ад-хок комисија која ќе го „прочешла“ целиот едукативен процес во Едукативниот центар. Ќе се испитува дали се почитувале строгите рокови и критериуми пропишани од УЕФА.

Под посебна лупа ќе биде ставена УЕФА ПРО лиценцата на поранешниот селектор Игор Ангеловски. Интересно е што оваа ревизија ја побара самиот Ангеловски, со цел еднаш засекогаш јавно да се потврди легалноста на неговиот тренерски сертификат и да се запрат сите шпекулации.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено