Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, нема да биде историско само поради проширувањето на 48 репрезентации. ФИФА официјално потврди пакет од пет нови правила кои имаат една главна цел, ставање крај на „крадењето време“ и непотребните прекини на натпреварите.
Искрено, овие промени изгледаат одлично (барем на хартија), иако останува да видиме како ќе функционираат во пракса и дали судиите навистина ќе имаат храброст доследно да ги применуваат.
Еве ги 5-те нови правила кои ќе го променат фудбалот каков што го познаваме:
1. Брзи замени (Правило на 10 секунди)
Кога еден играч е заменет, тој ќе има точно 10 секунди да го напушти теренот. Доколку му треба повеќе време (добро познатото лежерно пешачење кон клупата), неговата замена ќе мора да чека една цела минута пред да влезе во игра. Во тој период, екипата ќе игра со играч помалку!
2. Стоперица за аут и гол-аут
Заборавете на долгото местење на топката. Играчите ќе имаат само 5 секунди да изведат аут или гол-аут откако топката е подготвена за игра. Доколку го пречекорат лимитот, топката автоматски му се доделува на противникот.
3. Медицинска помош = 1 минута пауза
Ако играч побара медицинска помош на теренот (освен ако повредата не е предизвикана од фаул за кој е доделен картон), тој мора да го напушти теренот и да чека една минута пред да добие дозвола да се врати во игра. Ова дефинитивно ќе стави крај на симулирањето повреди за да се „убие“ темпото на противникот.
4. Проширување на ВАР технологијата
ВАР системот добива нови надлежности. Отсега, судиите во ВАР собата ќе можат да прегледуваат втор жолт картон (кој води до црвен), како и неправилно досудени корнери кои можат директно да влијаат на резултатот.
5. Само капитенот смее да зборува со судијата
Правило кое веќе почна да се тестира на ЕУРО 2024 сега станува глобален стандард. Само капитенот има право да бара објаснување од главниот судија. Доколку други играчи го опколат судијата и протестираат, автоматски ќе бидат казнети со жолт картон.



