4.8 C
Skopje

ФИФА, што правите? Зошто Доналд Трамп доби медал?

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

По финалето на Светското клупско првенство и победата на Челси, на социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од коментари. На него, се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше почесен гостин на церемонијата, зема еден од медалите за победниците и го става во внатрешниот џеб од своето палто.

Donald Trump stole a CWC winners medal
byu/nonstopflux insports

Иако на прв поглед изгледа како “кражба” и предизвика хумористични коментари како “Уметноста на крадењето” и “Навика му е”, вистината е малку поинаква. Всушност, медалот му беше подарен лично од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, како што може да се види на друга снимка од церемонијата.

 

Но, целиот овој циркус го поставува вистинското прашање: што воопшто бара политичар на подиумот на едно спортско натпреварување, примајќи медал наменет за спортистите? Токму ова е дел од филозофијата против која ние во Спортска Станица се залагаме, нешто што е детално објаснето во нашиот Вајт Пејпер. Кога политиката ќе се вмеша во спортот, фокусот се трга од играта и спортистите. Ова е уште еден доказ дека на ФИФА, како организација, ѝ се потребни длабоки реформи, тема за која неодамна зборуваше и поранешниот претседател, Сеп Блатер.

Критиките кон ФИФА не се ништо ново. Низ годините, многу легенди го кревале својот глас против оваа организација, но никој тоа не го правеше погласно и похрабро од најголемиот на сите времиња – Диего Армандо Марадона.

Неговата борба со ФИФА е опеана и во култната песна на Ману Чао, “La Vida Tómbola”, од филмот на Емир Кустурица, каде што Ману Чао пее: “Pa’ gritarles a la FIFA que ellos son el gran ladrón!”

Погледнете го видеото и потсетете се на бунтовничкиот дух на човекот кој беше поголем од играта.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено