ФИФПРО до ФИФА: Стоп за пеколните термини на СП 2026!

Објавено:

Глобалниот синдикат на фудбалери ФИФПРО бара ФИФА итно да ги откаже планираните мечеви во претпладневните и пладневните термини на “жешките” локации каде ќе се игра Светското првенство во 2026 година, поради екстремен ризик од топлотен удар за фудбалерите.

Според извештајот на ФИФПРО, градовите Канзас Сити и Мајами во САД, како и Монтереј во Мексико се класифицирани како локации со “екстремно висок ризик” ако таму се играат натпревари во попладневните термини.

Дополнително, градовите како Атланта, Далас и Хјустон се исто така опасни, иако таму ќе има кровови и технологија за ладење.

Во категоријата “многу висок ризик” беа сместени градовите домаќини како Бостон, Филаделфија, Гвадалахара, а во “висок ризик”, градовите Лос Анџелес и Њујорк/Њу Џерси. Само Сан Франциско и Ванкувер се класифицирани како “низок ризик” од тополотен удар.

Извор: https://www.espn.com

Сличен хаос веќе се случи на тековното Клупско светско првенство во САД, каде натпревари како оној меѓу ПСЖ и Атлетико Мадрид се играа на пладне во пеколни услови во Лос Анџелес.

Синдикатот во кој членуваат повеќе од 70.000 професионални фудбалери од целиот свет, вели дека испратиле официјално барање до ФИФА за преместување на термините, но дека се свесни за “комерцијалните интереси” на Федерацијата, кои се водат од притисокот да се задоволат глобалните телевизиски гледачи, особено во Европа и Азија.

ФИФПРО бара натпреварите во критичните зони да се играат исклучиво навечер, а како дополнителни мерки се предлагаат подолги паузи за полувреме до 20 минути и повеќе паузи за ладење во текот на натпреварите.

Сепак, од синдикатот признаваат дека немаат моќ да ја принудат ФИФА: “Имаме само аргументи и притисок преку медиумите, но конечната одлука е кај нив”, велат од ФИФПРО.

Извор: https://www.nytimes.com (GettyImages)

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено