Филип Кузмановски: Тешка група, но имаме квалитет – ќе се бориме за Македонија!

Објавено:

Ракометната репрезентација на Македонија денеска и официјално ги стартуваше подготовките за настап на Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска. Предводникот на оваа генерација, капитенот Филип Кузмановски, зрачеше со оптимизам и гордост на првиот собир, најавувајќи борба за секоја топка во тешката група што нè очекува.

„Зрелост и квалитет од домашното првенство“

Средниот бек на Еурофарм Пелистер смета дека националниот тим е во нагорна линија, а зголемениот квалитет на домашната Суперлига и силните натпревари на клупско ниво имаат позитивен ефект врз репрезентативците.

„Среќен сум што повторно сме заедно. Мислам дека ова е најубавиот дел од годината, кога сите играме и се бориме за Македонија. Оваа селекција е уште позрела од претходните години. Домашното првенство го подигна нивото, имаме повеќе дерби натпревари и сите играчи што се тука имаат значајни улоги во своите клубови. Тоа ќе биде наша предност, истакна Кузмановски.

Тестови против Хрватска и на турнир во Швајцарија

Македонија е во исклучително тешка група со светскиот и олимписки шампион Данска, како и незгодните селекции на Португалија и Романија. За да се подготват за предизвикот во Хернинг, избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаат густ распоред:

  • 28 декември: Пријателски натпревар против Хрватска.
  • 8-10 јануари: Турнир „Yellow Cup“ во Швајцарија (против Швајцарија, Украина и Бахреин).

Првиот натпревар на Европското првенство е закажан за 16 јануари против домаќинот Данска.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено