12.8 C
Skopje

Флориан Вирц пред историски трансфер во Ливерпул

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Флориан Вирц, играчот на Баер Леверкузен кој беше прогласен неодамна за најдобар играч во Бундеслигата, е пред потпишување на историски договор со Ливерпул.

Според фудбалскиот познавач Фабрицио Романо, овој договор е веќе вербално договорен уште пред две недели, а се чека на неговото официјализирање после лекарските прегледи.

Договорот кој ќе достигне вредност од 150 милиони евра е најскапиот трансфер на Ливерпул и Премиер Лигата досега, а воедно и најскапа продажба во историјата на Бундеслигата.

Офанзивецот на Баер кој имаше одлична сезона во Бундеслигата се очекува да се приклучи на шампионот од Премиер Лигата од идната година, но сè уште не е познато до која година ќе биде склучен новиот договор.

Се очекува на негово место во Баер да пристигне Џек Грилиш, а наводно и овој договор е веќе пред финално официјализирање.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено