Флуминесе го елиминираше Интер со 2:0!

 

Објавено:

Бразилскиот тим кој се смета за лулка на бразилскиот клупски фудбал, успеа да го елиминира големиот Интер Милан од Светското клупско првенство.

Уште на самиот старт, во третата минута, ветеранот на Флуминесе го постигна голот со глава, а во самиот финиш во 93′ минута Херкулес ги закопа италијанските надежи, за конечен резултат од 0:2.

Брилијантен натпревар имаше и голманот на Бразилците, 44 годишниот Фабио, кој беше можеби и најзаслужен за денешната победа, бранејќи неверојатни шутеви на Интер. Бразилците дадоа дури и трет гол во 39′ минута, но тој беше поништен поради недозволена офсајд ситуација.

Со неверојатен жар, фудбалска пасија и пожртвуваност на теренот и трибините, Бразилците уште еднаш покажаа на овој турнир зошто треба да се сметаат за сериозни конкуренција на европските гиганти.

Флуминесе е втор тим кој се пласираше во четвртфиналето, откако претходно Палмеирас славеше во бразилското дерби против Ботафого.

Погледнете ги двата голови на натпреварот и некои од најимпресивните одбрани на Флуминесе, кои значеа билет за четвртфиналето и огромен ветар во грб за Бразилските надежи за висок пласман.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено