(Фото) „Градски парк“ добива ново лице: Работнички се враќа во модерна сала по ФИБА стандарди!

Објавено:

Долгоочекуваниот сон на навивачите на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб е пред остварување. Легендарната сала „Градски парк“, домот на КК Работнички, влегува во финалната фаза од реконструкцијата и наскоро ќе блесне во ново, модерно издание.

Според последните информации, салата се подготвува да ги исполни најстрогите ФИБА стандарди за натпревари од највисоко ниво, што значи крај на импровизациите и почеток на нова ера за македонската кошарка.

Што е ново? Од паркет до ладење

Во моментов се поставува сосема нов, професионален паркет на површина од 700 квадратни метри, кој се очекува да биде готов веќе следната недела.

Но, промените не се само козметички. Салата добива комплетен „фејслифт“:

  • Енергетска ефикасност: Инсталирано е подно греење и современ систем за климатизација (ладење, греење и проветрување), што ќе овозможи идеални услови за игра преку целата година.
  • Нов амбиент: Монтирани се нови трибини, а внатрешноста е обоена во препознатливите црвено-бели бои на клубот.
  • Опрема: Осветлувањето и озвучувањето се веќе финализирани, а во тек е доинсталација на новите семафори.

Објектот ќе располага и со шест соблекувални, простории за судии, медицинска и допинг-контрола, како и инклузивни тоалети, со што „Градски парк“ од стара „кутија“ прераснува во модерен спортски храм.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено