РК Вардар 1961 слави голем јубилеј – 65 години постоење.
По тој повод, двократниот европски шампион денеска претстави ново, официјално јубилејно лого. Како што соопштија „црвено-црните“, ова лого „симболично ја отсликува историјата и славното минато“ и ќе ги краси дресовите на тимот до крајот на оваа јубилејна сезона.
„Клуб за сите генерации претставува омаж на ракометните легенди, спортските работници и навивачите кои шест и пол децении заедно ја создавале црвено-црната приказна“, објави клубот.
Прославата на јубилејот ќе биде во знакот на големото дерби. Вардар ги покани сите навивачи да ги наполнат трибините за натпреварот против Алкалоид, кој се игра во недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:30 часот.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



