Враќањето на Бојан Миовски на „Питодри“ очекувано донесе тензии, но наместо фудбалска пресметка, главната тема стана еден транспарент кој предизвика лавина од недоразбирања и потсмев на социјалните мрежи, иако овојпат, вистината е малку поинаква.
Додека Ренџерс славеше со 0-2, интернетот гореше од дебата: Дали навивачите на Абердин си дадоа „автогол“ или медиумите целосно ја утнаа поентата?
„Имам морал“ – Чиј е цитатот?
Пред мечот, најверните навивачи на Абердин истакнаа кореографија со ликот на клупската легенда Оин Џес и цитатот:
„Никогаш не би се вратил на Питодри во дрес на Р**рс, јас имам морал“.
Ривалските фанови и дел од медиумите веднаш побрзаа да фаќаат сеир, тврдејќи дека навивачите на Абердин по грешка му го припишуваат овој цитат на Миовски, или дека се обидуваат да го цитираат Македонецот, а всушност цитираат друг.
Вистината е следна: Навивачите на Абердин многу добро знаеја што прават. Тие истакнаа банер во чест на својата легенда Оин Џес (со неговиот лик на кореографијата), користејќи го неговиот лојален став како директна споредба и „шлаканица“ за Миовски. Пораката беше јасна: „Џес имаше морал, ти немаш“. Сепак, во ерата на брзиот интернет, контекстот се изгуби и настана општ хаос од погрешни толкувања.
Aberdeen with a banner today directed at former player Bojan Miovski, reportedly quoting the player himself “I’d never come back to pittodrie in a Rangers shirt, I have my morals” pic.twitter.com/QsNWFkqoyX
— Scottish Football Away Days (@days_scottish) January 11, 2026
Ренџерс не простува на теренот
Додека трибините се занимаваа со моралот и банерите, Ренџерс си ја заврши работата професионално. Со головите на Тело Асгард (23′) и Џејмс Таверние од пенал (74′), тимот од Глазгов однесе важни три бода.
А нашиот Бојан Миовски? Тој беше во центарот на вниманието без да игра. Влезе во игра дури во 90-тата минута, колку да го почувствува „гостопримството“ на своите поранешни обожаватели, кои сега го гледаат низ призмата на предавството.



