Фудбалскиот клуб Сандерленд вчера објави дека ќе обезбеди бесплатни сезонски билети за сите лојални навивачи над 85 години, кои барем три сезони по ред поседувале сезонски билети.
Доколку некој од тие навивачи веќе платил сезонски билет за новата сезона, парите ќе им бидат вратени.

Овој потег доаѓа како реткост во денешно време на модерен фудбал, кога повеќето клубови гледаат да добијат финансиска добивка од сите билети, наместо да ги задржат старите навивачи.
Потегот е во чест на враќањето на клубот во Премиер лигата, после осум години, па е своевидна награда за сите постари навивачи кои никогаш не се откажале од страста кон клубот низ годините на криза.



