Американскиот тенисер Францес Тифо не ја игра својата најдобра сезона, а на турнирот во Јапонија тој го доживеа четвртиот последователен пораз, со што падна на 29-то место на АТП листата.
Тенисерот кој минатата година стигна до полуфиналето на УС Опен, оваа година не може да го пронајде својот ритам, па фрустрацијата по поразот во Токио ја изрази со кршење на рекетот.
Tokyo debut is a big W 😤
Fucsovics upsets Tiafoe 3-6 6-1 7-5 for his first Top 30 win since April!#kinoshitajotennis pic.twitter.com/olIEnvp7rK
— Tennis TV (@TennisTV) September 24, 2025
После мечот, тој пред новинарите ја опиша сезонава “како просечна, во најмала рака”, но сепак истакна дека е мотивиран да ја намали разликата до лидерите на АТП листата, Карлос Алкараз и Јаник Синер.
“Има неколку други играчи кои мора некако да им се приклучат. Не велат да ги победат, но мора да има други конкуренти, и тоа ме мотивира. Мислам… кој е третиот? Кој е четвртиот? Новак Ѓоковиќ не се рачуна веќе, тој има 40 години”, изјави Американецот.
Сепак, тој побрза да објасни во кој контекст ја даде изјавата: “Тој е најдобар на сите времиња. Не е со овие момци”, додаде тој.
“Кој е тој другиот играч или можеби двајца кои би можеле да ги победат? Секогаш размислувам на тоа и тоа навистина ме мотивира. Мора да има некој”, изјави Тифо.



