Франција оди на Мундијал, Роналдо исклучен во шокантниот пораз на Португалија!

Објавено:

Светот полека ги добива своите патници за најголемиот фудбалски собир во историјата. По Англија, која доминираше во групата К со перфектен скор, синоќа и Франција официјално го обезбеди своето место на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико!

Мбапе ја однесе Франција на Мундијал

На „Триколорите“ им беше потребна победа против Украина за да ги решат сите дилеми, и ја добија со стил – 4:0. Килијан Мбапе повторно беше лидер со два гола, додека по еднаш погодија Мајкл Олисе и Хуго Екитике (негов првенец за репрезентацијата).

Роналдо „поцрвене“, Португалија падна во Ирска

Најголемото изненадување на вечерта се случи во Даблин. Португалија, која со победа ќе обезбедеше директен пласман, загуби од Република Ирска со 2:0.

Трој Парот беше херојот на домаќините со два гола во првото полувреме. Фрустрацијата кај Португалците кулминираше во 59. минута кога Кристијано Роналдо доби директен црвен картон, оставајќи ги соиграчите на цедило. Сега, Португалија ќе мора да почека до недела за да го завери пласманот.

Халанд и Сорлот – норвешката „машина“

Норвешка е на чекор од сонот! Со победата од 4:1 над Естонија, „Викинзите“ се многу блиску до директен пласман. Тандемот Ерлинг Халанд и Александер Сорлот беше незапирлив – и двајцата постигнаа по два гола во фуриозен период од само 12 минути! Халанд сега има неверојатни 14 гола на 7 натпревари во квалификациите.

Останати резултати:

  • Италија славеше во Молдавија со 0-2 и ја одржува надежта за прво место, иако Норвешка има три бода предност пред меѓусебниот дуел.
  • Албанија со победата над Андора (0-1) го обезбеди второто место во групата К и пласман во баражот, исфрлајќи ја Србија од игра.
  • Унгарија победи во Ерменија (0-1) и остана во трка за првото место во групата Ф по киксот на Португалија.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено