Фудбалот е уметност: Специјалниот дрес на Барса инспириран од славното 0:3 на Бернабеу

Објавено:

Точно дваесет години по ноќта што остана врежана во фудбалската историја, Барселона го претстави својот нов четврт дрес, како визуелна почит кон една од најголемите гостински победни симфонии што клубот ја испеал: славното 0:3 на „Сантијаго Бернабеу“ во 2005 година.

Новиот дизајн го носи слоганот „Фудбалот е уметност“, а таа ноќ во Мадрид беше ремек-дело кое го отвори патот кон најзлатната ера во историјата на клубот.

Дизајн што ја следи патеката на трите гола

Дресот ги задржува препознатливите вертикални црвено-сини ленти, но во визуелно „раздвоена“ форма, која симулира движење и траекторија. Не е случајно: линиите симболично ги следат патеките на топката при трите гола што вечерта ги постигнаа Самуел Ето (14’) и Роналдињо (58’, 77’).

Во внатрешноста на крагната има три кружни обележја, токму во минутата на секој гол, што е суптилен, но елегантен детал.

Паралелно со лансирањето на дресот, клубот објави и промотивно видео со Маркус Рашфорд, Бардгји, Балде, Марк Бернал, Алексија Путељас, Аитана Бонмати и Она Батје.

Играчите влегуваат во студио на имагинарен уметник – метафора за тоа што фудбалерите на клубот значеле низ децениите: творци на моменти кои не се објаснуваат, туку се чувствуваат. Моменти што не се само голови, туку отпечатени спомени и уметност.

А клубот, со овој дрес, го порачува токму тоа: Кога фудбалот ќе се издигне над натпревар, станува уметност.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено