Ако пред неколку дена можевме да видиме како се прекинува натпревар цели два часа на Светското клупско првенство на само 4 минути до крајот поради временски услови, на Вимблдон вчера вечерта се случи истото, но овој тука поради галама.
Имено, натпреварите кои беа во вечерните часови мораа да бидат прекинати во 23 часот, бидејќи тогаш започнува забраната за галама и нарушување на јавниот ред и мир на “All England Club” , па дури ни “аристократскиот” Вимблдон не е исклучок од строгите правила.
Правилото било воведено во 2009 година со инсталацијата на кровот на Централниот терен, а според него сите мечеви мора да бидат завршени до 23 часот за да се минимализира вознемирувањето на локалните жители, со оглед на локацијата на Вимблдон во резидентна средина.
Љубителите на тенис бурно изреагираа на социјалните мрежи на оваа вест, а многумина пишуваа логични коментари, како тоа дека “ако забраната важи со години, зошто целиот дневен распоред не започнува пред 1 попладне на Централниот терен?”.

Најголемо негодување предизвика прекинувањето на мечот меѓу Фриц и Перикард кои требаше да влезат во одлучувачкиот сет, а нивниот натпревар беше прекинат 40 минути порано, па многумина искоментираа дека натпреварот би можел да се реши за тоа време, наместо да се одложи одлучувачкиот сет дури за наредниот ден.
Иако времетраењето на мечевите во тенисот е непредвидливо, па некои можат да траат и подолго од очекуваното, сепак прекинувањето на врвни спортисти во нивниот ритам и тоа како може да влијае до резултатот и мотивацијата.

До прекинувањето, состојбата на мечевите беше следна:
Моменталниот светски рекет број 3, Александар Зверев и Риндеркнеш се прекинати на резултат 6-7(3), 7-6(8).
Додека Фри и Перикард се прекинати пред одлучувачкиот сет при резултат од 6-7(6), 6-7(8), 6-4, 7-6(6).




