Во земјата на Малме, АИК и Хамарби, новиот шампион не доаѓа од метрополите, туку од мало рибарско село со помалку од 1.485 жители. Мјалби, клубот од Хелевик, место на јужниот брег на Шведска кое едвај се гледа на мапата, ја испиша најневеројатната страница во историјата на скандинавскиот фудбал.
Пред девет години, клубот беше на раб на банкрот, во третата лига, а го спаси само едно последно коло. Денес, истиот тој Мјалби е шампион на Алсвенскан и ќе ја претставува Шведска во Европа.
MJÄLLBY AIF ÄR SVENSKA MÄSTARE I FOTBOLL 2025! 🏆
📲 Se Allsvenskan på HBO Max pic.twitter.com/bTY2kzcJfP
— Sports on HBO Max 🇸🇪 (@sportshbomaxse) October 20, 2025
Клубот, основан во 1939 година по спојувањето на две локални екипи, никогаш не се оддалечил од своите корени. Хелевик живее од морето и од фудбалот. На малиот стадион Страндвален, кој се наоѓа покрај камп и собира околу 7.000 гледачи, жителите го живеат секој натпревар, а бројот на навивачи често е четирипати поголем од населението на местото.
Патот до врвот е вистинска лекција за тоа како се гради клуб без пари, но со визија. Со ограничен буџет и без богат сопственик, Мјалби израсна органски, преку младински развој, внимателно инвестирање и јасна филозофија. Просечната возраст на тимот е само 24 години. Млади играчи како Абдулаи Манех, Аксел Норен, Абдулах Икбал и Лудвиг Малаховски Торел станаа симбол на генерација што не знае за комплекс на мал клуб.
⚽️ | MÅÅÅÅÅÅÅÅÅL!!!! 💛🖤#MjällbyAIF #Allsvenskan2025 pic.twitter.com/xCfUwjvoj0
— Mjällby AIF (@MjallbyAIFs) October 20, 2025
Но, приказната на Мјалби не е само за фудбал. Таа е и за луѓето кои стојат зад клубот. Спортскиот директор Хасе Ларсон, човек кој првпат се приклучил уште во 1979, преживеал тумор на мозок и рак на простата, и три години работел без плата кога клубот бил пред колапс. Тренерот Андерс Торстенсон, поранешен директор на училиште, води тим иако боледува од леукеИзмија. Неговиот помошник, Норвежанецот Карл Мариус Аксум, доктор на науки по визуелна перцепција во елитниот фудбал, ја внесе научната анализа во секојдневните тренинзи. Под негово водство, Мјалби премина од дефанзивен фудбал со долги топки кон контролиран, модерен стил базиран на движење, посед и интелигенција.
Резултатите се спектакуларни: само еден пораз во цела сезона, 22 домашни натпревари без пораз и победа над сите директни ривали. Со 49 постигнати голови и најкомпактна одбрана во лигата, Мјалби не само што ја освои титулата, туку ја смени и дефиницијата на “мал клуб”.

Денес, селото Хелевик живее сон што никој не го предвидуваше. Навивачката група “Силастрyбарна” порасна од неколку десетици луѓе до повеќе од 500 членови, сите обединети под мотото “Мјалби е поголем од фудбалот”. И навистина, таму каде што светот завршува и морето почнува, се создаде нешто поголемо од спорт. Една бајка напишана со пот, љубов и вера дека и најмалото место може да стане големо.





