Фудбалско евангелие во Неапол: „Ако Марадона е Бог, тогаш Мектоминеј е Исус!“

 

Објавено:

Трансферот на Скот Мектоминеј од Манчестер Јунајтед во Наполи ќе остане запаметен како еден од најдобрите потези во поновата историја на Серија А. Откако во својата дебитантска сезона им ја донесе шампионската титула на наполитанците и беше прогласен за играч на годината, Шкотланѓанецот продолжува да ги руши сите граници, како на теренот, така и во срцата на фановите.

Откако викендов го постигна единствениот гол за победа над Каљари (1:0), со кој Наполи се врати во шампионската трка, пристигна и ултимативниот комплимент, и тоа директно од синот на најголемата икона на клубот.

„По мојот татко, Мектоминеј е највлијателниот играч во историјата на Наполи. Во Неапол го имавме Бог во ликот на Диего, но за мене Скот Мектоминеј е Исус. Тој е апсолутно фундаментален играч,“ изјави Диего Армандо Марадона Јуниор за телевизијата Televomero.

Извор: https://joshbland.substack.com/ {Photo by Chalo Gallardo on Unsplash}

Изјавата веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи, а коментарите на фановите беа урнебесни:

  • „Замислете да ја слушневте оваа изјава за време на ‘МекФред’ ерата во Јунајтед!“
  • „Во името на Марадона, на Мектоминеј и на Светиот ГОАТ. Амин.“
  • „Ако татко ти е Бог, технички ти си Исус, Диего Јуниор…“

Шегата на страна, фактите говорат сами за себе. Откако се пресели во Италија, Мектоминеј стана комплетен играч под водство на Антонио Конте. Со 11 гола на 36 натпревари оваа сезона, тој одамна докажа дека не е само обичен „отпадок“ од „Олд Трафорд“, туку вистински фудбалски спасител за Неапол.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено