Гарначо на пат кон Стемфорд Бриџ: Челси и Јунајтед постигнаа договор

Објавено:

Челси и Манчестер Јунајтед постигнаа договор за трансфер на аргентинскиот фудбалер Алехандро Гарначо, објави “The Athletic”.

“Сините” ќе платат 40 милиони фунти, плус 10% од идниот трансфер, додека Гарначо ќе потпише долгорочен договор до 2032 година. Медицинските прегледи се закажани за петок, по што 21-годишниот крилен напаѓач треба и официјално да стане ново засилување на Челси.

Интересот на Челси за Гарначо не е нов. Клубот веќе подолго време го следеше младиот Аргентинец, кој ова лето имаше само две опции: да остане на Олд Трафорд или да се пресели во Лондон.

Според “The Athletic”, односот меѓу Гарначо и менаџерот Рубен Аморим бил далеку од идеален. По финалето во Лига Европа против Тотенхем, каде што Аргентинецот влезе како замена во 71-та минута, тренерот дури му порачал пред целиот тим да “си најде нов клуб”.

Извор: https://x.com/ManUtd

Сезоната за него беше двосмислена, со 58 настапи, 11 голови и 10 асистенции, но и моменти на незадоволство и тензија. Еден од нив беше кога по замената против Ипсвич, Гарначо мораше да плати за цел тим вечера како извинување.

Челси веќе еднаш го искористи “пазарот” со Јунајтед, кога минатата сезона го доведе Џејдон Санчо на позајмица. Сега, пак, со Гарначо би добил играч во најдобрите години, со огромен потенцијал за иднината.

За потсетување, Гарначо пристигна во академијата на Јунајтед во 2020 година од Атлетико Мадрид и досега има одиграно 144 натпревари за првиот тим, постигнувајќи 26 голови. Но по четири години, патот води кон Стемфорд Бриџ.

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено