14.8 C
Skopje

Гарсија се збогува од тенисот

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Француската тенисерка Каролин Гарсија ја најави својата пензија, после 15 години кариера. Таа напиша дека ќе одигра уште неколку турнири, меѓу кои и оној дома на славниот Роланд Гарос.

Ова ќе биде четиринаесетто нејзино појавување на турнирот, а воедно и последно.

“Време е да кажам збогум. После 15 години натпреварување на највисоко ниво и повеќе од 25 години посветување на скоро секоја секунда од мојот живот на тенисот, сега чувствувам дека е време да започнам ново поглавје во мојот живот”, напиша таа.

Извор: https://x.com/CaroGarcia

Највисокиот ранг на Французинката беше 4-то место, на кое се најде два пати, во 2018 и 2022 година, а во двојки успеа да стигне до второто место во 2016 година.

Гарсија се натпреваруваше два пати за Франција на Олимписките игри, во 2016 и 2024 година.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено