2.8 C
Skopje

Го гледавме претставувањето на новите болиди на Ф1 – ова се нашите дизајн фаворити

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва Формула 1 го прослави својот 75 роденден со шоу во О2 арената во Лондон каде беа претставени болидите за претстојната сезона.

Иако останува перформансите да ги видиме на патеките, можевме да го видиме новиот изглед, па според она што го видовме од дизајнерски аспект, ова се нашите фаворити.

Третото место ни беше можеби најтешко за одлука, но сепак решивме да го дадеме на Visa Cash App Red Bull Racing за нивната можеби најочигледна промена за сезонава во однос на боите и дизајнот на минатогодишниот болид.

Второто место оди за одличната промена на Williams Racing. Одличен дизајн и супер свежина со новите возачи кои можеби конечно ќе го вратат овој историски тим на местото кое го заслужува.

На врвот со едногласна одлука се најде болидот на Mercedes. Спектакуларен дизајн, преливање на црната и сивата боја, со провлекување на тиркизната боја за главниот спонзор, без никакво наметливо претставување на спонзорите кои беа претставени со бели букви.

Најголемо разочарување можеби ни предизвика болидот на Ferrari кој минатата година изгледаше визуелно многу подобро од овој, но сепак “убавината” е скоро незначителна на патеката, па останува да ги видиме перформансите на болидите и шоферите кои оваа година се во доста подновен состав на патеката во Мелбурн на 16 март.

До тогаш, уживајте во фотографиите од дизајнот на сите 10 болиди кои беа претставени вечерва.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено