Го таргетирале Мурињо, сега сите си поднесоа оставки

 

Објавено:

Претседателот и цел одбор на Фудбалскиот дисциплинарен комитет во професионалната фудбалска лига во Турција си дадоа оставки, откако во јавноста протекоа пораки дека го таргетирале Мурињо и тимот на Фенербахче.

Мурињо во повеќе наврати се жалеше од судењето на натпреварите во турската лига, а по сè што излезе во јавноста во последните денови, изгледа дека бил сосема во право.

Извор: https://x.com/FootballTalkHQ

Според протечените “WhatsApp” пораки, дисциплинарниот комитет покажувал пристрасност кон Галатасарај, а меѓу пораките има и онакви кои ги исмејуваат претседателите и тренерите на одредени клубови.

Најголем трн во око очигледно им бил славниот Жозе Мурињо, за кого пишувале: “Ќе го натераме да плати идната сезона”, како и пораки во кои се споменувало дека “бил предолго толериран” и дека ќе “му надоместат за сè наредната година”.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено