Откако на неговиот деби натпревар многумина го критикуваа дека повеќе пати си ја допрел косата отколку топката, сега новото засилување на Арсенал, Виктор Ѓокереш ги замолкна критичарите со двата погодоци на вечерашниот натпревар против Лидс Јунајтед.
Дури и во прославата на голот после препознатливата прослава, гледајќи во камерата тој ја намести косата, како директно враќање на “хејтерите”.
“Одлично беше да се почувствува поддршката уште од првата минута, па сè до последната. Тоа ти ја дава таа екстра енергија да продолжиш и секако, да победиш со 5:0”, изјави тој на прашањето како е да игра за прв пат пред домашната публика.
💬 “It was amazing to feel that support from minute one to the end.”
Viktor shares that first Arsenal goal feeling 🤩
— Arsenal (@Arsenal) August 23, 2025
Инаку, во текот на целиот вечерашен натпревар Арсенал покажа вистинска доминација врз противникот, а навивачите на Емиратите можеа да уживаат во вистинска голеада.
На листата на стрелци прв се запиша Тимбер во 34-та минута, а тој постигна и втор гол во 56-та минута од второто полувреме. Покрај него и Ѓокереш, свој придонес даде и Сака, со погодокот во 46-та минута од првото полувреме.
Погледнете ги сите погодоци на вечерашното голгетерско шоу на Емирати!



