16.8 C
Skopje

Ѓоковиќ изгуби, сензацијата Вашеро во финалето на Мастерсот во Шангај!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Валентин Вашеро продолжува да го живее својот тениски сон во Шангај, откако денес во полуфиналето успеа да го совлада тамошниот четирикратен шампион, Новак Ѓоковиќ.

Во тешка борба која се водеше во текот на целиот меч, српскиот тенисер не можеше да се спротивстави во целост на тенисерот од Монако, откако во првиот сет повторно се здоби со повреда.

После медицинскиот тајм-аут и укажаната помош, Ноле се врати на теренот на големо задоволство на публиката, но сепак не успеа во целост да се врати во форма до крајот на мечот.


Квалификантот на турнирот успеа да го совлада Ѓоковиќ со 6-3, 6-4 во сетови, со што стана најниско рангираниот тенисер кој достигнал финале на АТП Мастерс 1000 турнир.

Вашеро кој е рангиран на 204-то место на АТП листата сега го осигура своето место во првите 100 за прв пат во кариерата, откако претходно го совлада и Холгер Руне во четврт-финалето. Благодарение на неговата извонредна серија во Шангај, тој се искачи сега за неверојатни 146 места, на 58-то место.

Сега тој во финалето ќе се сретне или со Данил Медведев или со неговиот братучед Артур Риндеркнеч, во зависност од кој ќе триумфира на второто полуфинале денес во Шангај.

Ноле доби огромен аплауз од публиката за неговата борба на теренот и покрај повредата и продолжувањето на мечот во случај кога многу помлади колеги би се откажале.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено