Ѓоковиќ пристигна во Њујорк: Ризична или генијална стратегија?

 

Објавено:

Новак Ѓоковиќ е на прагот да направи нешто што досега не му успеало на никој. Да игра на турнирот во Њујорк, без ниту еден друг натпревар за загревање на тврда подлога во Северна Америка, откако претходно ги откажа настапите во Торонто и Синсинати.

Стретегијата на Србинот е дека тој нема сила да ги игра сите натпревари, па ќе се посвети само на важните за него турнири, како што е претстојниот УС Опен.

Меѓу Вимблдон и УС Опен, Ноле не се појави на друг турнир, а дали таа стратегија ќе се покаже како генијална или ризична, ќе дознаеме наскоро.

Додека неговите ривали ја бркаа титулата во Синсинати, Ѓоковиќ тренираше во Црна Гора, пред новата потрага по 25-та историска Гренд Слем титула во кариерата.

Тој го искористи времето и за одмор со семејството во Хрватска, Црна Гора и Грција, повлекувајќи се од другите турнири со цел да ги “наполни батериите”. Доколку ова му успее на Ноле, тој ќе стане првиот во историјата на тенисот кој успеал да дојде до таква победа.

Четирикратниот победник на турнирот во УС Опен, според експертите прави ризичен потег со тоа што не одигра ниту еден единствен натпревар на тврда подлога во Северна Америка. Најблиску до ваквиот потег во историјата на турнирот, уште од преминувањето на тврда подлога во 1978 година, било кога во 2020 година Доминик Тием одиграл претходно само еден натпревар пред да го освои финалето против Зверев. Но, тоа беше година на Ковид пандемијата, па не знаеме колку може да биде земена како репер.

Сега, Ѓоковиќ ќе се обиде да го направи она кое не му успеало на никому претходно. Досега тој веќе има докажано во својата кариера дека е подготвен на испишување историја, а дали ќе биде така и овој пат, останува да видиме.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено