Со завршувањето на натпреварите од третата рунда од долната половина на Отвореното првенство во Њујорк, сега ги имаме и осминафиналните двојки.
Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со Штруф, кој вчера славеше спектакуларно над фаворизираниот Францес Тијафо во одличен меч кој заврши со победа на Германецот од 6-4, 6-3, 7(9)-6(7) во сетови.
Најдобриот американски тенисер во моментов и миленикот на домашната публика, Тејлор Фриц синоќа славеше над Ким во тежок меч, па сега ќе се сретне во осминафиналето со Чехот Томаш Мачач.
Третата осминафинална двојка ќе ја играат ветеранот Адријан Манарино, кој вчера службено го доби мечот откако Американецот Бен Шелтон се повлече поради повреда на рамото, и Јири Лечека кој без проблеми го совлада Рафаел Колингнон.
Карлос Алкараз кој стигна дотука без ниту еден изгубен сет, сега ќе се сретне со Французинот Риндеркнеч, кој вчера го совлада сонародникот Бенџамин Бонзи.




