Ѓоковиќ сигурно до полуфиналето, сега следува Алкараз

 

Објавено:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно блесна на теренот на Отвореното првенство во САД, каде рано изутрина по наше време го совлада Американецот Тејлор Фриц за уште едно полуфинале во кариерата.

Фриц успеа да му го земе само третиот сет на Ѓоковиќ, но не успеа да направи целосен пресврт, па на крајот резултатот беше 3:1 во корист на Ноле, односно 6-3, 7-5, 3-6, 6-4 во сетови.

Сега на патот кон историската 25-та Гренд Слем титула му стои младиот Карлос Алкараз и потенцијално светскиот рекет број еден, Јаник Синер во финалето. Шпанецот стигна до полуфиналето без ниту еден изгубен сет, па и тој ќе се обиде да испише историја доколку го освои турнирот без до крај да изгуби сет.

“Не мора да трошиме многу зборови за нив двајца. Јас знам, вие знаете – тие се најдобрите двајца играчи во светот. Сите најверојатно се надеваат и очекуваат ново финале меѓу нив. Јас ќе се обидам да им ги расипам плановите на повеќето”, изјави после победата Ѓоковиќ, на прашањето за следните противници.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено