Новак Ѓоковиќ повторно ја испиша историјата на тенисот. Српскиот ас на 38 години ја освои титулата на АТП турнирот во Атина, победувајќи го Лоренцо Мусети во драматично финале со 4-6, 6-3, 7-5, по речиси три часа борба.
Со овој триумф, Ѓоковиќ ја освои својата втора титула оваа сезона и вкупно 101-ва во кариерата, со што се доближи до легендите Роџер Федерер (103) и Џими Конорс (109). Истовремено, Новак стана најстариот АТП шампион од 1990 година, надминувајќи го Гаел Монфис, кој победи во Окленд на 38 години и четири месеци.
He’s done it again 🏆@DjokerNole #HellenicChampionship pic.twitter.com/CXAIUSTI4h
— Tennis TV (@TennisTV) November 8, 2025
Мусети го започна финалето подобро, со ран брејк во третиот гем и водство од 1-0 во сетови. Но, Ѓоковиќ одговори во своето препознатливо темпо, со прецизен ритам, железна ментална игра и решавачки брејк во вториот сет за израмнување на 1-1.
Одлучувачкиот сет беше вистински трилер. Новак поведе со 3-1, но Мусети се врати со брејк во шесттиот гем. Ѓоковиќ повторно направи брејк за 5-4, пропушти можност да го затвори мечот, но во завршницата покажа зошто е еден од најголемите. На 6-5, ја потврди победата и ја подигна титулата под бурните аплаузи на атинската публика.
HISTORY MAKER 1⃣0⃣1⃣@DjokerNole becomes the oldest ATP champion at 38 years and 5 months! 🙌#HellenicChampionship pic.twitter.com/9F2RTtZq47
— ATP Tour (@atptour) November 8, 2025
Ова е деветта победа на Ѓоковиќ во десет меча против Мусети, но и една од најисцрпувачките. Српскиот шампион сè уште не потврдил дали ќе настапи на АТП финалето во Торино, иако шефот на Италијанската тениска федерација тврди дека Новак веќе е пријавен.
„Не знам од каде ја имаат таа информација“, изјави Новак пред медиумите пред неколку дена. „Ќе одлучам по крајот на овој турнир“.
А што и да одлучи, едно е јасно – дури и во 38-та година од животот, Новак Ѓоковиќ продолжува да ја пишува својата бескрајна тениска приказна.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



