Ѓоковиќ со исцрпеност и повреда до четвртфиналето во Шангај

Објавено:

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ успеа да се избори со исцрпеноста и повредата на глуждот и да дојде до нова победа на турнирот во Шангај. Тој го победи Шпанецот Хауме Мунар во три сетови, односно со резултат 6-3, 5-7, 6-2.

Со оваа победа Ѓоковиќ го задржа статусот на фаворит за освојување на турнирот, откако другите подобро пласирани тенисери се откажаа или беа елиминирани во претходните мечеви.

38 годишниот тенисер имаше проблеми со повреда на ногата, па уште во првиот сет изгледаше како да се откаже. Сепак, по медицинската пауза и интервенцијата на физиотерапевтите, Србинот успеа да продолжи.

Во вториот сет тој повторно се пожали дека “не може да дише” поради топлото време, бидејќи во одредени делови од мечот влажноста на воздухот се искачуваше и до 90%. Сепак, тој успеа да ја најде потребната енергија, најмногу поради огромната поддршка од кинеската публика на трибините.

Во третиот сет веќе 41 пласираниот Мунар попушти под притисокот, па после игра од 2 часа и 45 минути Ѓоковиќ успеа да триумфира за влез во четвртфиналето.

“Ви благодарам, ви благодарам на сите, ве сакам!”, им извика тој на поддржувачите на трибините, каде Новак е можеби еден од најомилените спортисти и секогаш има огромна поддршка.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено