Под силните рефлектори на Хард Рок Стадионот и голема маркетинг кампања, започна новиот фудбалски експеримент на ФИФА – Светскиот клупски куп. Но, на теренот беше малку поинаква приказна. Светкава церемонија која прикажа слаб фудбалски спектакл, со Интер Мајами на Меси и египетскиот Ал Ахли кои одиграа нерешено. Ова повеќе изгледаше на тивок старт, а не на отворање на глобален турнир.
Фудбалот: Без голови, но со одредени изненадувања
Резултатот на крајот на натпреварот беше 0:0, но Ал Ахли покажа храбра и структурирана игра, па доминираше во раните моменти од натпреварот. Тие дури имаа и промашен пенал и еден поништен гол. Интер Мајами од другата страна, со сета своја ѕведена моќ, изгледаше распрснато и реактивно, колекција на таленти кои сè уште се обидуваат да ја сфатат својата улога во тимот.
Меси малку го зачини второто полувреме со кратки моменти на генијалност, моменти кои беа потсетник на неговото фудбалско наследство. Но тоа е сè што беа – моменти. За многумина кои го проследија натпреварот, овој турнир изгледаше помалку како славење на фудбалот, а повеќе како брендинг кампања на ФИФА – сцена поставена да продава, не да инспирира.
The moment Leo Messi (37) walked out for the opening match of the Club World Cup! ✨
What an entrance 🔥 pic.twitter.com/zVBH0XQ0X9
— Dennoh (@CFC_dennoh) June 15, 2025
Ал Ахли дојде на турнирот да игра. Тие добија пенал, ја тестираа задната линија на Мајами и покажаа бестрашност. Но, сепак главниот протагонист беше голманот на Мајами, Оскар Устари, кој беше неочекуваниот херој на натпреварот. На 38 години, ветеранот од Аргентина беше доведен како некој кој требаше да донесе стабилност, а на крајот на вечерта заврши како херој. Одбранетиот пенал и уште неколку одлучни интервенции, помогнаа да се избегне неминовниот пораз на Интер Мајами вечерта.
Многу медиуми го прогласија за МВП на вечерта и го нарекоа “неопеаниот аргентински херој на Интер Мајами”. И навистина, на турнир промовиран околу наследството на Меси, Устари излезе како највреден играч на теренот, одбивајќи ги сите напади на Ал Ахли со смирена прецизност.
Trezeguet’s penalty was saved by Ustari 🔥 pic.twitter.com/lBnGmXsWEH
— Dennoh (@CFC_dennoh) June 15, 2025
Блескави светла на стадионот, но празни емоции
Публика од 60.927 навивачи ги пополнија седиштата на стадионот. Или барем така изгледаше. Цените на билетите беа драстично намалени после слабиот интерес, па наместо 300 долари, билетите на крајот се продаваа по цена од 50 долари, со студентски билети за само 3.50 долари. На крајот, стадионот сепак се наполни, но тоа повеќе изгледаше како исфорсиран акциски попуст, а помалку како вистински интерес и побарувачка.
Што кажаа медиумите и фановите?
“The Guardian” извести за “генијалните фудбалски моменти на Меси на лажната сцена на ФИФА”.
“BILD” го опиша натпреварот како “фрустрирачки старт – без голови, но Меси успеа некако да ја разбуди заспаната публика”.
“Cadena SER” напиша: “Близок, но фрустрирачки нерешен резултат. Устари ја спаси честа на Интер Мајами, а Меси покажа само искри од својата генијалност”.
Wessam Abou Ali scored but it was ruled offside .pic.twitter.com/SQWvsvbWmc
— Dennoh (@CFC_dennoh) June 15, 2025
Главни заклучоци од отворањето на ФИФА Светскиот клупски куп
– Фудбалот беше далеку од незаборавен, а сцената ја засени суштината
– Устари го украде шоуто, покажувајќи дека не сите херои носат златни копачки
– Интер Мајами ја привлече публиката, но многумина дојдоа за да го гледаат Меси, а не за фудбалот
Ова е само почеток на турнирот. Следно ќе ги гледаме гигантите како Палмеријас, Порто и потенцијалниот подем на послабите клубови. Но, ако ова отворање ни кажа нешто, тоа е следното: Спектаклот е тука, душата сè уште недостасува.
Нашата анализа пред почетокот на турнирот, можете да ја прочитате тука!