18.8 C
Skopje

Големото враќање на Саша Обрадовиќ во Црвена Ѕвезда: Спектакл, драма, победа!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендарниот Саша Обрадовиќ синоќа го имаше повратничкиот деби настап во “неговата” Црвена Ѕвезда во мечот против Жалгирис. Во неверојатната атмосфера на Белградска Арена и пречекот на Обрадовиќ од страна на навивачите, клубот од Калемегдан ја однесе победата со 88:76.

Со ова Ѕвезда ја прекина серијата од пет порази против Кауно Жалгирис, клубот кој досега беше непоразен во Евролигата. Ова за “црвено-белите” беше втора победа, а херој на мечот беше маестралниот Џордан Нвора.

Извор: https://kkcrvenazvezda.rs

Иако десеткувана, екипата на Обрадовиќ истрча на теренот со огромна мотивација и желба за победа, а тоа се отслика и во самата игра во текот на целиот меч. Водени од жешката атмосфера во салата, играчите како да играа во некој посебен занес.

Тренерот Обрадовиќ после мечот со возбуда изјави: “Во ваква атмосфера сè е полесно. Посебно е!”.

На прашањето како е да се врати повторно во клубот пред ваква поддршка, која ја немаше во првиот мандат поради Ковид пандемијата, тој одговори: “Поддршката од најдобрите навивачи на светот беше одлучувачка одбраната да се стегне уште повеќе. Мене многу ми значи тоа. Во претходниот мандат немав прилика да го доживеам ова. Ова е специјална емоција, пробував и успеав да исконтролирам голем дел од емоциите. Фала им што се со нас. Ќе бидеме уште подобри”.

Во публиката синоќа во Белградска Арена присуствуваше и најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој е страстен навивач на Црвена Ѕвезда.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено