(Видео) Голгетерско шоу на Фламенго и Баерн

 

Објавено:

После низа голови на вечерашниот натпревар меѓу бразилскиот Фламенго и германскиот Баерн, натпреварот заврши со конечен резултат од 2:4, со што го добивме и четвртиот патник во понатамошната фаза.

Баерн Минхен како победници од овој дуел, во четвртфиналето ќе се сретнат со ПСЖ, кои денес го совладаа тимот на Лео Меси, Интер Мајами.

Резултатот на натпреварот се отвори со автоголот на Пулгар во 6′ минута, нешто што ја разниша самодовербата на Бразилците уште на самиот старт, па неколку минути подоцна, во 9′ минута веќе поентираше и Кејн, за многу брзо водство од 2:0 за Баерн.

Бразилците вратија во 33′ минута преку Герсон, но сепак до полувремето Баерн ја зголемија повторно предноста со голот на Горецка во 41′ минута.

Извор: https://x.com/FIFACWC

Иако во второто полувреме Бразилците пробаа да се вратат во игра за билетот за четвртфиналето, тие успеаја да постигнат само уште еден гол од пенал, кој го постигна Жоргињо.

За крај следуваше уште еден погодок на Кејн, во 73′ минута, за конечен резултат од 4:2 во корист на Баерн и завршување на надежите на Бразилските навивачи.

Погледнете ги сите шест погодоци во овој голгетерски натпревар.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено