4.8 C
Skopje

Голгетерско шоу во нашата група! Белгија славеше со 4:3 над Велс

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Во натпревар на кои беа постигнати дури 7 голови, Белгија успеа да ја совлада репрезентацијата на Велс со 4:3 во квалификациите за Светското првенство. На домашен терен Белгија изгледаше поуверливо отколку на гостувањето во Скопје, па кога поведе рано во натпреварот со убедливи 3:0 многумина мислеа дека работата е завршена.

Головите ги дадоа Лукаку во 15‘ минута, Тилеманс само четири минути подоцна во 19‘ и Доку во 27‘ минута од првото полувреме. Но, Велс возврати со 3 голови, па дојде до изедначување од 3:3.

Првиот гол за Велс беше постигнат во судиското надополнување на првото полувреме од страна на Вилсон, за веднаш по почетокот на второто полувреме да погоди и Томас во 51‘ и нешто подоцна Џонсон во 70‘ минута.

Драмата не изостана и понатака, откако во 80‘ минута беше поништен голот на Лукаку, но на крајот сепак Де Брујне успеа да погоди пред самиот финиш на регуларниот дел во 88‘ минута за радост на навивачите во Брисел.

Со поразот на Велс, Македонија го задржа првото место во групата Ј со 8 бодови, а зад нас следуваат Велс со 7 и Белгија со 4 поени.

Извор: https://www.uefa.com/european-qualifiers/standings/

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено