Гордон: “Натпреварот против Ливерпул ќе биде лудница!”

 

Објавено:

Откако Њукасл вчера го одигра првиот меч од сезоната без својот најдобар напаѓач Александер Исак, следниот предизвик ќе им биде токму Ливерпул, клубот во кој играчот цело лето чека трансфер.

Исак најверојатно нема да се појави ниту на тој натпревар, освен ако можеби дотогаш не се комплетира трансферот, па да приреди вистинско изненадување облечен во “црвената” боја на теренот.

Неговиот соиграч Ентони Гордон, после вчерашниот натпревар на гостувањето кај Астон Вила, накратко зборуваше со новинарите за очекувањата од следниот натпревар.

“Со сè што се случува, атмосферата ќе биде лудница. Многу сум возбуден да се вратиме пред домашната публика, мислам дека ќе биде супер натпревар”, изјави Гордон со особена возбуда за мечот кој ќе се игра во Сент Џејмс Парк, пред домашната публика.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено