Гранит Џака се враќа повторно во Премиер лигата

Објавено:

Со влезот во Премиер лигата, англискиот клуб Сандерленд сега сака да ги засили своите редови за претстојната сезона, а според спортскиот познавач Фабрицио Романо носењето на Гранит Џака во нивните редови е веќе договорено.

Гранит Џака ќе го напушти бундеслигашот Бајер Леверкузен, каде беше еден од клучните играчи во сезоната 2023-24, кога ја освоија шампионската титула.

Според Романо, трансферот е веќе договорен меѓу двата клуба, за сума која би била околу 20 милиони евра и договор до 2027 година.

Ова нема да биде прв пат за Џака во Премиер лигата, откако претходно играше за Арсенал, пред да биде продаден во Бајер Леверкузен за 25 милиони евра.

Извор: https://x.com/FabrizioRomano

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено