На Градскиот стадион во Скопје се случи ерупција од навивачите кога во последните минути од полувремето Вардар конечно дојде до посакуваното водство со голот на Роџерс Касим Мато во 48′ минута.
Швајцарците од Лозана не успеаја да упатат ниту еден посериозен шут во мрежата на “црвено-црните”, па сосема заслужено Вардарци одат на паузата со резултат 1:0.
Иако статистиката на посед на топката и број на додавања е на страната на Лозана, сепак она што на крајот е важно е резултатот, а Вардар во моментов ја има таа предност.
Да се надеваме на успешно и второ полувреме и победа на Вардар во првиот натпревар од второто коло од европските квалификации.



