ГРУПА Ц: Драмата се заплеткува! Данска прокоцка, Шкотска шокирана во Пиреја

Објавено:

Данска 2-2 Белорусија

Данците на хартија го имаа најлесниот ден и токму затоа претрпеа најтешки последици. Голот на Дамсгард беше класика, но пирово водство. Белорусија одигра меч над своите можности, Громико со еврогол го израмни резултатот, а само три минути подоцна Дамченко го заврши пресвртот.

Исаксен спаси барем поен, но Скандинавија е под висок напон. Данците сега мораат да извлечат бодови во Шкотска.

Извор: https://www.fifa.com

Грција 3-2 Шкотска

Експлозија во Пиреја. Грција без резултатски притисок, но со стар добар пркос, одигра можеби најдобар меч во циклусот. Водеа 3-0, доминираа, па повторно ја отворија вратата на хаос по брзите голови на Ганон-Доак и Кристи.

И покрај црвениот за Бакесетас, Грција се одбрани и им го стави товарот околу врат на Шкотите, кои сега зависат и од себе и од Данците.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено