Кипар 0-2 Австрија
Австрија продолжува да чекори како најконзистентна сила во Групата Х. Рангник ја „залади“ атмосферата во Никозија со дисциплиниран, методичен фудбал што Кипар не успеа ниту момент да го разбие. Марко Арнаутовиќ беше логичниот херој на вечерта, најпрво со прецизен пенал, а потоа и со инстинктивна завршница по еден прекин.
Австриците без многу помпа си завршуваат работа, но „сметките“ им ги замати Босна и Херцеговина кои одиграа со вистинско срце на терен, за да обезбедат директна борба со Австрија за Мундијалот.

Босна и Херцеговина 3-1 Романија
Зеница повторно виде вечер со срце. По две болни киксеви, Босна го фати вистинскиот момент за враќање во битката и со огромен пресврт ја совлада Романија со 3-1, победа која им го гарантира најмалку баражот, а воедно ги остава во живот за трката за директна виза за Светското првенство.
Романија поведе со погодокот на Бирлигеа, домаќините влегоа во нервозна фаза, но сè се смени со влегувањето на Един Џеко. Легендата прво израмни, а потоа ја разбуди целата енергија на „Билено Поле“. Романија остана со играч помалку, а потоа следеше експлозија: евро-гол на Бајрактревиќ и решавачки погодок на Табаковиќ.
Со оваа победа, Босна го обезбеди второто место на табелата, но последното коло кај Австрија ќе биде вистинско „финале пред финале“ и директна борба за патот до Мундијалот без бараж.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



