Гвардиола се огласи за жестоките коментари на Клоп

 

Објавено:

Сè повеќе тренери јавно го коментираат Светското клупско првенство, условите за играње и пренатрупаниот распоред, но можеби најжесток во зборовите беше Јирген Клоп кој го нарече “бесцелен турнир кој не треба да постои”.

Сега се огласи и тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој иако осум години беше лут ривал со Клоп на англиските терени во Премиер лигата, сега изјави дека “сосема го разбира, но пробува да не мисли на тоа како кратката пауза потенцијално би можело да ја уништи идната сезона на клубот”.

Клоп, кој беше поранешен тренер на Ливерпул и е сегашен на Ред Бул Салзбург (тим кој зеде учество во првенството и беше елиминиран во групната фаза), веќе ги изразил своите несогласувања уште на прелиминарните состаноци, па за Гвардиола овие изјави не дошле како некое особено изненадување.

Извор: https://x.com/ManCity

“Видете, јас и Јирген сме се расправале многу, многу пати. Но, разбирам од каде доаѓа неговата идеја. Имавме многу судири уште во Англија, а исто така и кога одевме на состаноците на УЕФА, особено кога го дискутиравме календарот на Премиер лигата и како да се додаде повеќе квалитет. Разговаравме за тоа дека на тренерите и играчите им треба повеќе одмор, затоа што тоа е начинот на кој се додава на квалитет”, изјави Гвардиола.

“Па, неговите коментари за Светското клупско првенство не ме изненадија воопшто. Јас го разбирам и го почитувам. Имав неверојатен однос со Јирген во многуте години како ривали. Сега тој се повлече од таа позиција, но го разбирам неговиот аргумент, затоа што и јас би го бранел тој аргумент”, вели Пеп. “Но, од друга страна како тренери ние сме тука на работа. Ги следиме правилата на ФИФА, на УЕФА, на Премиер лигата или Серија А. Како тренери, ние не сме организатори на овие натпреварувања. Но, кога веќе сме тука, тогаш сме горди”.

Тој смета дека многу од клубовите кои го критикуваат турнирот би размислувале поинаку доколку би учествувале на него: “Многу клубови се жалат за ваквите натпреварувања, но од друга страна би им било убаво да се тука со сите нивни фанови и медиуми”.

Извор: https://x.com/ManCity

“Секако, ова не е идеална ситуација за тренерите. Дали би сакал да имам два месеци да се подготвам за идната сезона? Да. Дали би сакал да имаме време да се одмориме. Да. Но, тоа е што е. И го заслуживме сето она што го направивме во минатото за да бидеме тука. Кога веќе сме тука, ајде да го дадеме најдоброто од себе”, изјави Гвардиола.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено